Александар Пандов / фото: Телма

Пандов: Осудените за „Диво насеље“ осум години беа главна власт во „Идризово“, веќе не се

„Наркобосовите се ставени во глувчешка дупка, тие се тотално развластени“, рече Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на „Телма“.

„Акцијата е на Министерството за внатрешни работи, но ете ќе си дозволам дека некоја минимална заслуга за тие акции има и затворскиот систем, односно и јас како директор на Управата за извршување на санкциите и директорите во затворите. Уверувам дека кога дојдов, имаше недопирливи затвореници кои што биле преместувани од еден затвор во друг, па јавувања, па пак враќани. Еден посочете ми каде што постои некоја ќелија, некој затвореник, затоа што толку бил моќен и сега не смеело да се влезе. Пред десетина дена, од кога се (осудените за) Диво насеље внатре, од 2016 година, и тие си беа мајчините лоцирани во Идризово и тоа си беше нивно. Таму како главни беа, главна власт, никој ништо не им смееше. Сега првпат е случено, двајца од нив не се повеќе таму. И тоа не е само за нив, тоа е порака за сите останати дека кога сакаме ние како затворска власт, можеме кога сакаме, каде сакаме да го однесеме и тие погодности што тие таму си ги уживале, да ги немаат“, рече Пандов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот