Фото: Nottingham Forest/FB

Падна првиот тренерски отказ во Премиер лигата оваа сезона

Нотингем форест е во потрага по нов предводник откако клубот и официјално се раздели со досегашниот тренер Нуно Еспирито Санто. Иако Португалецот минатата сезона успеа да остави солиден впечаток и да ја стабилизира екипата, последните месеци беа обележани со сѐ понагласени несогласувања со сопственикот Евангелос Маринакис.

Односот меѓу двајцата се влошуваше постепено, но кулминираше со јавни препукувања, по што беше јасно дека продолжување на соработката е речиси невозможно. Нотингем отказот на Санто го потврди преку социјалните мрежи доцна во ноќта.

Во јавноста како можни опции за Санто веќе се споменуваат имиња како: Анге Постекоглу, Жозе Мурињо и Марко Силва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот