автомобили
автомобили / фото: EPA/EFE

Падна продажбата на половни автомобили во Србија: Просечната цена е повисока за речиси 1.000 евра

Во Србија во првата половина од годинава се продадени вкупно 63.795 половни автомобили, што е за 1,2 отсто помалку во однос на истиот период лани, покажува анализата на веб-страницата „Секанд хенд карс“, објавена денеска.

Како што е наведено, во првата половина од оваа година, најпродавани автомобили во Србија биле автомобилите произведени помеѓу 2008 и 2012 година, односно оние постари од 10 години и кои сочинуваат повеќе од 65 отсто од сите половни автомобили регистрирани за прв пат во Србија од јануари до крајот на јуни 2024 година. Од 63.795 половни автомобили кои првпат беа регистрирани во првата половина од годинава, 40.781 од нив се дизели, објави Бета. Анализата покажа и дека во јуни лани просечната цена на сите огласени половни возила била 8.894 евра, а во јуни годинава цената би достигнала 9.864 евра, што е зголемување за 11 отсто.

Беше истакнато дека нема промени кога станува збор за интересот за модели и брендови, па така три модели на „Фолксваген“ – „голф“, „пасат“ и „поло“ сè уште се на врвот на листата, а по нив следат „опел астра“ и „ауди A4“. Освен во зилата на „Фолксваген“, во првите пет на листата на најпродавани се и автомобилите произведени од „Aуди“, „Oпел“, „Пежо“ и „Рено“. Веб-страницата исто така спроведе анкета, во која учествуваа 6.000 посетители на порталот, што покажа дека 50 отсто од нив се подготвени да платат помеѓу 3.000 и 10.000 евра за користен автомобил, додека само 10 отсто од испитаниците изјавиле дека сакаат да инвестираат повеќе од 15.000 евра, пренесува Нова.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот