Чат ЏПТ EPA-EFE/FILIP SINGER

Падна Чет-џи-пи-ти, проблеми за корисниците ширум светот

Најпопуларниот светски четбот со вештачка интелигенција, Чет-џи-пи-ти, не е достапен за некои корисници, додека за други работи многу бавно, велат илјадници корисници на веб-страницата „Даун детектор“, кои пријавуваат проблеми со апликацијата ширум светот.

Како што пренесува „Тек рејдар“, четботот сега одговара на барањата на некои корисници само со порака за грешка „Хмм… се чини дека нешто тргна наопаку“, додека други можат да пристапат до него, но велат дека услугата е бавна и им треба многу подолго време од вообичаеното за да одговорат.

Исто така, постојат луѓе кои можат да го користат четботот без никакви проблеми, па затоа прекините и грешките не се чини дека влијаат на секој корисник.

Компанијата Оупен-еј-ај вели дека „продолжува да го истражува овој проблем“. Не е јасно што ги предизвикува прекините, ниту кога ќе се воспостави редовна услуга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот