Пад на индустриското производство

Индустриското производство во ноември 2024 година е помало за 3.5 проценти во споредба со ноември 2023 година, а во периодот јануари – ноември 2024 година се бележи намалување од 3.8 проценти во однос на истиот период во 2023 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Најголем пад е забележан во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со опаѓање од 6.7 проценти. Во секторот Преработувачка индустрија има намалување од 2.7 проценти, а во Рударството и вадењето камен од 3.2 проценти. Намалувањето во Преработувачката индустрија се должи на пад во производството на прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, хартија, хемикалии, фармацевтски производи, гума и пластични производи, како и моторни возила и машини.

Производството на енергија е намалено за 6.6 проценти, капитални производи за 11.1 проценти, а нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.9 проценти. За разлика од тоа, пораст е забележан во производството на интермедијарни производи, освен енергија (4.3 проценти) и трајни производи за широка потрошувачка (36.2 проценти).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот