Фото: Real Oviedo/FB

Овиедо ги израдува навивачите: Ветеранот Казорла ќе ги предводи и во Ла Лига

Шпанскиот ветеран Санти Казорла ќе ја продолжи соработката со тимот на Овиедо откако оваа сезона беше еден од најзаслужните што тимот избори пласман во Ла Лига.

Иако има 40 години Казорла покажа дека и понатаму може да игра на високо ниво. Под водство на Вељко Пауновиќ, тој одигра 35 натпревари, постигна пет гола и асистираше уште пет пати, а неговата улога беше клучна во плеј-офот за влез во елитата, каде Овиедо го совлада Мирандес и се врати во шпанскиот фудбалски крем по цели 24 години.

Продолжувањето на соработката со Казорла беше поздравено од навивачите како вистински потег на управата, бидејќи неговото искуство и лидерство ќе бидат од големо значење во Примера.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!