Плажа во Саранда, Албаниа/ фото: Драган Митрески

“Oulook Traveller“: Посетете ја Албанија, скриениот скапоцен камен на Европа

Со богата историја и пријатни луѓе, Албанија нуди прифатливо патувачко искуство за оние кои сакаат да ја истражуваат културата и природните убавини.        Сместена на Балканскиот Полуостров,  Албанија е земја со прекрасни пејзажи, богата историја и уникатна комбинација на култури. Овој европски скапоцен камен остана релативно надвор од туристичкиот радар, што го прави идеална дестинација за патниците кои бараат неистражена убавина и автентични искуства, пренесува Ора Њуз. 

„Пред да ги спакувате куферите и да заминете за Албанија, еве неколку суштински совети како да се погрижите вашето патување да биде незаборавно, пишува во статија англискиот дневен весник „Oulook Traveler“.“

Важен факт што треба да се знае пред да ја посетите Албанија е распространетоста на бројни бункери низ целата земја. Се знае дека помеѓу шеесеттите и осумдесетите години од минатиот век, албанскиот диктатор Енвер Хоџа изградил над 750.000 бункери за да ја зацврсти нацијата, предвидувајќи можни инвазии од страна на Советскиот Сојуз, Југославија, Грција и НАТО. Во денешно време, овие бункери, главно напуштени, станаа популарна туристичка атракција низ целата земја. Два од најголемите бункери во Тирана се претворени во музеи и се мета на посетителите.

Албанија се смета за една од најбезбедните дестинации во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!