Корча, Албанија / Фото: ShqelzenRexha / Wikipedia

Отвораме Генерален конзулат во Корча, објави Муцунски

„Грижата за Македонците во Албанија се мери со дела. Македонците од Мала Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора се предалеку од Тирана. Време е да им се доближиме“, порачува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на „Фејсбук“ по денешната одлука на Владата за отворање на генерален конзулат во Корча.

– Конзулат во Корча со јурисдикција во целиот регион. Побрз и полесен пистап до конзуларни услуги. Поддршка за културни, образовни и економски врски. Посилна грижа за интересите на нашите граѓани. Брз, достапен и квалитетен сервис. Ова се конкретни чекори, а не празни зборови, наведува Муцунски.

Генералниот конзулат ќе има јурисдикција врз подрачјата Корча, Мала Преспа, Подградец, Голо Брдо и Гора, и ќе работи во целосна координација со Амбасадата во Тирана. Неговите клучни надлежности ќе опфаќаат обезбедување конзуларни услуги, економска и културна промоција, како и унапредување на билатералната соработка во поширокиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот