
Отповикан македонскиот амбасадор во Токио поради сексуално вознемирување на две колешки
Министерството за надворешни работи соопшти дека ѝ предложила на Владата да го повлечат досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, Горан Цеков. Неофицијално, како причина за ваквиот потег се наведува сексуално вознемирување за кое амбасадорот Цеков бил обвинет од две жени кои соработувале со него во амбасадата во Токио.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Владата го прифатила предлогот на Министерот за отповикување на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, по што, Претседателот на државата го потпиша указот за отповикување, кој што беше објавен во Службен весник, соопшти МНР.
Од кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски за „Слободен печат” потврдија дека амбасадорот Горан Цеков е отповикан од функцијата амбасадор во Јапонија, акредитиран и за Република Кореа, на барање на Владата, а согласно Законот за надворешни работи, но не наведоа подетално околу причината зошто е всушност отповикан Цеков.
Амбасадорот Цеков од 1996 е кариерен дипломат во Министерството за надоворешни работи (МНР). Бил на служба во Мисијата при НАТО во Брисел од 2003 до 2007, од 2010 до 2014 во Амбасадата во Осло, Норвешка, а во 2019 беше в.д. шеф на Мисијата во НАТО во Брисел.