Фото: Принтскрин

Откриена НОВА ПЛАНЕТА во вселената: Сосема различна од сѐ што е досега откриено (ВИДЕО)

Астрономите новите планети ги откриваат така што ги набљудуваат ѕвездите околу кои тие кружат, со тоа што ако планетата е толку голема да ги покрие ѕвездите, тогаш тоа е сосема доволно за астрономите да забележат треперење.

Предмет на вакво набљудување била и ѕвездата HR 5183, која експерти ја набљудувале во текот на последните 20 години со помош на дури три телескопи, па на тој начин откриле нова голема планета, која е околу три пати поголема од Јупитер, како кружи околу неа, со прилично необичен правец во облик на јајце.

Новооткриената планета го доби името HR 5183b, а околу својата ѕвезда патува со брзина која укажува на тоа дека за една ротација и се потребни помеѓу 45 и 100 години.

И токму орбитата е она што ја прави необична, а научниците и порано наоѓале небесни тела со елиптични орбити, само што не биле толку многу оддалечени од својата ѕвезда.

Така оваа планета се разликува од другите планети во нашиот соларен систем, но и од сите откриени егзопланети, па HR 5183b патува далеку од својата ѕвезда, со правец кој се смета за многу редок во космосот.

На пример, орбитата на Плутон исто така се смета за необична, но правецот на движење на новооткриената планета е толку поинаков, што укажува на тоа колку всушност некои други планетарни системи би можеле да се разликуваат од нашиот.

Научниците истакнале дека новата планета претставува модел за идеи за други соларни системи, односно доказ дека космосот е богат и дека изобилува со различности кои не можеме ниту да ги замислиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот