Осум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Осум лица се здобиле со полесни телесни повреди во пет од вкупно девет сообраќајки, што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај тројца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и три нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло и еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Пешак поминал коловоз вон пешачки премин кој бил исто така санкциониран од сообраќајната полиција.

Со специјалното возило „пајак” биле отстранети 70 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот