Бујар Османи Фото: Османи Фејсбук

Османи: Националната алијанса за интеграција ќе освои 150.000 гласови и ќе биде втора политичка сила во државата

Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи, на денешната прес-конференција најави дека албанската коалиција предводена од ДУИ очекува историски резултат од 150.000 гласови на претстојните локални избори.

„Очекуваме да добиеме некаде околу 150 илјади гласови, како НАИ, и само околу 50-60 илјади за ВРЕДИ,“ изјави Османи.

Тој соопшти дека според сите проценки, НАИ ќе биде втора сила на државно ниво, додека ВРЕДИ, како што рече, „ќе биде 5-та или 6-та.“

„За мене е важно што Националната алијанса за интеграција ќе биде втора сила со најмногу гласови во државата. Оваа држава треба да биде во партнерство меѓу двете најголеми заедници, албанската и македонската, почитувајќи ги правата на сите малцинства,“ порача Османи.

Тој нагласи дека овие избори имаат клучно политичко значење и ќе ги дефинираат новите односи на сила меѓу етничките и политичките блокови во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!