Фото: facebook

Османи на видео средба со неговиот литвански колега Ландсбергис: Економската соработка заостанува зад политичката

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи оствари видео средба со неговиот литвански колега, Габриелиус Ландсбергис со акцент на европското досие на земјава. Како што соопштија од МНР, станало збор за новата методологија за проширување, за напорите за усогласување на преговарачката рамка врз основа на почитување на елементарните европски вредности и стандарди со цел нејзино усвојување и одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

– Принципиелната позиција на Литванија, манифестирана во континуитет за европскиот пат на Северна Македонија е од особено значење. Очекуваме непречено спроведување на мартовската одлука за почеток на пристапните преговори и пробивот во таа насока ќе претставува признание за досегашниот ангажман на нашата земја во европските интегративни процеси, истакна Османи.

Во тој контекст, се наведува во дописот на МНР, Литванија останува отворена за пренесување на искуство, експертиза и знаење во спроведувањето на европските политики.

Османи и Ландсбергис, се додава, ги разгледаа можностите за продлабочување на соработката на билатерален план, особено на полето на економската дипломатија, кризен менаџмент, ИТ секторот како и друга експертска помош. Од литванска страна бил покажан интерес за учество со експерти во твининг проекти со акцент на областите на јавно финансирање, на пазар на трудот, на администрација, на сајбер безбедност и слично.

Заеднички беше оценето дека економската соработка заостанува зад политичката и дека на тоа треба да се работи, стои во соопштението од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот