Фото: Принтскрин/Тик-ток

Зошто и како Дубаи чоколадото стана толку популарно?

Ако отворите која било социјална мрежа последниве неколку месеци, не е важно дали е Фејсбук, Твитер, ТикТок, Инстаграм… Големи се шансите во одреден момент да ви се појави нешто поврзано со „Дубаи чоколадо“ на екранот…

Името првично се однесува на луксузното чоколадо произведено од „Fix Dessert Chocolatier“, компанија со седиште во Дубаи. Станува збор за бренд основан во 2021 година од британско-египетската претприемничка Сара Хамуда. Таа не ни сонувала дека за нејзиното чоколадо еден ден ќе зборува цел свет!

Во времето кога бил создаден производот, Сара била бремена и сакала да создаде нешто подобро од обичното чоколадо, како што изјавила за Си-ен-ен.

-Ние произведуваме доживување – вели претприемачката, која може да му се заблагодари на ТикТок за брзиот раст на нејзиниот бренд.

На крајот на минатата година инфлуенсерката Марија Вехера се сними како јаде чоколадо „Дубаи“ во својот автомобил, видеото до денес е прегледано повеќе од 100 милиони пати…

– Навистина не мислевме дека ќе станеме глобален хит. Сосема е нереално ова што се случува, ме контактираат луѓе од Аргентина до Романија кои сакаат да нарачаат наши чоколади – вели Хамуда.

Нејзините чоколади се рачно произведени, имаат различен дизајн, производството е ограничено, а побарувачката, може слободно да се каже, е луда. Чоколадите Дубаи од 200 грама чинат околу 20 долари, количините се ограничени, штом ќе бидат пуштени во онлајн продажба, во следниот момент исчезнуваат.

ВИДЕО | Рецепт за Дубаи-чоколадо што ги освои социјалните мрежи: Еве како да го направите дома

– Чоколадото стана вирален хит благодарение на уникатната комбинација на вкусови и текстури, комбинирајќи ги модерните техники на правење чоколади со автентичните блискоисточни вкусови. Едно чоколадо, со официјален назив „Can’t Get Knafeh of It“, има „обвивка“ од млечно чоколадо исполнето со крцкав кадаиф и кремасти ф’стаци. Оваа уникатна комбинација на вкусови и текстури, заедно со фактот дека потекнува од Дубаи, е заслужна за популарното име „Дубаи чоколадо“ – пишуваа за тоа разни блогери за храна.

Оригиналното чоколадо „Дубаи“ моментално е достапно само во Дубаи и Абу Даби, но и други производители почнаа да создаваат свои варијанти…
Значи, името „Дубаи“ ова чоколадо го добило затоа што таму започна производството, бидејќи состојките се инспирирани од Блискиот Исток, затоа што така почнаа да го нарекуваат на социјалните мрежи…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!