
Орце Ѓоргиевски: Ќе го воскреснам Скопје
Апсолутно сум свесен за девастираноста на Скопје, за сивилото во кое живееме сите скопјани, но и спремен сум по завршувањето на изборите да го воскреснам Скопје и тоа да стане град за достоинствен живот на сите наши граѓани, рече кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓоргиевски на денешната прес-конференција на која беше промовирана неговата кандидатура.
Препорачано
Тој раководи со општина Кисела Вода, а при прифаќањето на кандидатурата за градоначалник рече граѓаните да не очекуваат од него „да биде салонски политичар“.
Изминатите 4 години колку што раководев со Кисела Вода покажав дека сум се освен салонски политичар. Многу често сум во населените места, меѓу граѓаните и секогаш сум спремен да ги ислушам нивните потреби и барања. Така ќе биде и во Скопје. Ја барам поддршката од сите скопјани, рече Ѓоргиевски.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во објава на социјалните мрежи најавува реализација на проекти за градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси во Скопје во соработка со премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.
– Градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси! За решавање на сообраќајот и намалување на загадувањето! Ова се три крупни проекти, историски би рекол, кои координирани од Премиерот Христијан Мицкоски и во соработка со новиот Градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе ги реализираме! Со Орце се знаеме со децении. Беше и шеф на кампања во Изборната Единица 4 во 2020 година кога ја имав честа да сум носител. Орце е цврст карактер и голем борец. Ќе победи и ќе биде одличен Градоначалник!, напиша Николоски на Фејсбук.
На седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска е донесена одлука Орце Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ.