Виктор Орбан/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Орбан: Приемот на Украина во НАТО би резултирал со војна со Русија

Приемот на Украина во НАТО веднаш би резултирал со војна со Русија, што би значело ризик од трета светска војна, па затоа на Украина не смее да ѝ се дозволи да се приклучи ниту кон НАТО ниту кон Европската Унија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарија има примарен безбедносен интерес да не припаѓа на истата интеграциска рамка како Украина, напиша тој на Фејсбук.

Орбан рече дека меѓу потписниците има неодамна започнати иницијативи на унгарски граѓани отворени за политичко размислување, луѓе со кои тој се борел заедно за слободата на Унгарците и независноста на земјата пред 35 години.

„Од очигледни причини, почитта што произлезе од ова оттогаш исчезна, но заедничкото минато сè уште обврзува. Затоа го објавувам следниов одговор“, истакна тој.

Орбан рече дека потписниците ги занемариле интересите на Унгарија и дека нивната проценка на последиците од продолжувањето на војната меѓу Русија и Украина е погрешна.

„Тие исто така грешат во идентификувањето на интересите на Европската Унија. Доколку ЕУ ја прифати Украина како членка, тоа веднаш би резултирало со отворена војна, а по прекинот на огнот, тоа би довело до постојан ризик од војна меѓу Европа и Русија“, нагласи тој и додаде дека на Украина треба да ѝ се понуди форма на соработка што ќе доведе до крај на војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот