Фото: Општина Илинден

Општина Илинден ја почна предизборната градежна офанзива со нов мост и сервисна улица во Марино

Скопската приградска Општина Илинден соопшти дека официјално започнала, како што се наведува, „со реализација на еден од своите капитални инфраструктурни проекти – изградба на нов плочест мост и сервисна улица „500“ во селото Марино.

Проектот предвидува изградба на мост со коловоз широк 6 метри и тротоари од по 1,5 метар од двете страни, со што ќе се обезбеди безбедно и непречено движење на пешаците и возилата. Покрај мостот, ќе се гради и нова сервисна улица во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и тротоари на двете страни.

Дополнително, проектот опфаќа и изградба на систем за собирање и одведување на фекални отпадни води, односно поставување фекална канализација за објектите што гравитираат кон оваа улица – што претставува значаен придонес кон подобрување на инфраструктурата и
условите за живот во овој дел од општината.

Увид во градежните работи изврши градоначалникот на општина Илинден Алекснадар Георгиевски, кој истакна дека ова е еден од ветените проекти и уште еднаш вети, овој пат дека ќе се реализира во целост. Со изградбата на новиот мост и улицата ќе се направи спојување на веќе изградената улица „119“ во населбата Јака, со што оваа населба со над 330 домаќинства ќе се поврзе со централниот дел на општина Илинден, односно со Марино. Георгиевски вели дека со ова значително ќе се подобри и сообраќајната поврзаност, како и квалитот на живот на граѓаните. Средствата за реализација на овие проекти се 70% финансирани од Владата на РМ, а 30% од Буџетот на Општина Илинден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот