Фото: Општина Ѓорќе Петров

Општина Ѓорче Петров организирано ќе се ослободува од отпадните гуми

Општина Ѓорче Петров започнува  акција за управување со отпадни гуми, прва од ваков тип во Македонија, со цел намалување на загадувањето на воздухот и животната средина

Поради несоодветното однесување на дел од граѓаните, старите гуми често се оставаат во диви депонии и покрај контејнерите, што има сериозен негативен ефект врз околината и квалитетот на воздухот. Одговорноста за управување со овие гуми сега е на локалната власт, која обезбедува соодветен простор за нивно оставување во Комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров, кај „Камин Камa“.

Секојдневно се трудиме преку нашите служби да собираме гуми од диви депонии и околината на контејнерите. Секој овие акции претставуваат еден мал чекор, но значаен за подобрување на животната средина во нашата општина. Со новата соработка со компанијата за управување со отпадни гуми, во континуитет ќе обезбедиме подигнување и соодветно третирање на овие гуми, што ќе спречи нивно незаконско палење и загадување, изјави градоначалникот на Ѓорче Петров,  Александар Стојкоски.

Општина веќе потпиша меморандум за соработка со специјализирана компанија за управување со отпадни гуми. Реализацијата на акцијата ќе се спроведува на начин што општинските служби ќе ги преземаат отпадните гуми и ќе ги транспортираат до безбедна локација, потоа специјализиран оператор со соодветна опрема ќе ги подигнува и  ќе ги преработува.

Со акцијата, како што соопштуваат од Општината, целта не е само да се спречи горењето на старите гуми, туку и да се намали можноста за создавање нови диви депонии. Граѓаните се повикуваат да соработуваат и да ги остават старите гуми на претходно утврденото место, со што ќе придонесат за почиста и поздрава околина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот