
Општина Центар: Барокна сендвичарница меѓу Дом на АРМ и Собрание ќе нема
Сендвичарница во барок стил пред Собранието ќе нема, бидејќи Општина Центар го раскинала договорот со фирмата што добила таква можност преку наддавање во Министерството за транспорт и врски.
Препорачано
„Во урбаниот хаос во централното градско подрачје од претходната власт се и барокните сендвичарници со златно-жолти детали, столбови и темно црвена боја кои воопшто не се вклопуваат во просторот и не ги исполнуваат ниту здравствените, ниту хигиенските норми, нагласуваат од Општина Центар.
Дел од таквите сендвичарници се поставени на неколку локации во Скопје, а дел требало да се постават, а една од нив и во непосредна близина на македонскиот парламент. Поточната локација е на потегот меѓу Дом на АРМ и Собрание, но општина Центар, според најавите од таму, го раскинала договорот со закупецот на земјиштето.
„На 6 август беше активирана банкарска гаранција на купувачот на земјиштето со што и формално е отпочната процедурата за раскинување на договорот за тоа градежно земјиште кое, меѓу другото, било оттуќени и вцртано на несоодветна локација и на несоодветен начин. Како за овој, соодветно ќе се реагира и за сите други вакви и слични ситуации, користејќи ги сите правни средства“, е наведено во соопштението на Општина Центар.