Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“
Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денес извршил вонреден инспекциски надзор и затворил градилиште на булеварот „Никола Карев“, информираат од Општина Центар.
Препорачано
– При надзорот, констатирано е дека се работи за непознат инвеститор и се гради објект за кој нема издадено одобрение за градба од страна на општината. Градежниот инспектор по увидот и затворањето на градилиштето донесе решение за отстранување на нелегалната градба, во законски предвиден рок. Доколку истата не биде отстранета, општината ќе пристапи кон административно извршување на објектот, за кое трошоците ќе паднат на товар на инвеститорот – стои во објавата на оваа локална самоуправа.
Од Општина Центар апелираат до сите инвеститори и сопственици, како што велат, да ја поседуваат целосната документација при почеток на градба.
Доколку поседуваат решенија за отстранување на нелегални објекти самите да постапуваат по истите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопоственците на нелегално поставените објекти – децидни се од Општина Центар.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
18мин
-
31мин
-
44мин
-
56мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5