Онкологија / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Онкологија со апел за смиреност: Воведени се драстични промени во работата

Универзитетска клиника за радиологија и онкологија апелира до пациентите и нивните блиски, да останат смирени, сталожени и доверливи во однос на целокупниот работен процес на клиниката, уверувајќи дека се по отворањето на случајот „Онкологија“ воведени се драстични промени во работата се со цел стандардизирање на третманот на пациентите.

„Апелираме до сите засегнати, посебно до нашите пациенти и нивните блиски, да останат смирени, сталожени и доверливи во однос на целокупниот работен процес на нашата клиника. Имено на УК за радиотерапија и онкологија, а информирана е и целата јавност, дека по тој немил настан се воведоа драстични промени во работата се со цел стандардизирање на третманот на пациентите со воведување на редовни онколошки конзилиуми на кои се одлучува за третманот на пациентите во согласност со современите протоколи кои се усвоени од меѓународните стручни здруженија. Од УК за радиотерапија и онкологија апелираме за смиреност и доверба во персоналот на УК за радиотерапија и онкологија, кој навистина макотрпно работи. Ние сме тука пред се за здравјето на пациентите и нивната благосостојба, информираат од клиниката.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“. Како што соопшти вчера на прес-конференција предметната јавна обвинителка, Ана Гоговска Јакимовска предметот е поделен на два дела – првиот се однесува на економското работење на Клиниката за Онкологија во кој се опфатени тогашниот директор и организацискиот директор на Клиниката и вториот дел од предметот се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица лекари онколози.

Скандал Онкологија: Обвинителството гони лекари за тешки дела против здравјето на луѓето и за буџетски злоупотреби

Обвинителството, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднеле и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.

Се бара притвор за поранешните директори на Онкологија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот