Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ОМД: Глобалните влади да го признаат правото на самоопределување на Македонците
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикаа глобалните влади да го признаат правото на самоопределување на сите Македонци. Коментарите доаѓаат откако владата на Бугарија ги блокираше пристапните преговори за членство на Македонија во Европската Унија (ЕУ).
– ОМД постојано ги повикува владите ширум светот да ги почитуваат основните човекови права на Македонците за да бидат третирани еднакво од соседите и од меѓународната заедница. Владите на Грција и Бугарија постојано повикуваат Македонците да го загубат својот јазик и историја во замена за членство во НАТО и ЕУ. Според Универзалната декларација за човекови права, Повелбата на Обединетите нации и Повелбата за основните права на Европската унија, дискриминацијата во која било форма е забранета. Самоопределувањето е заштитено право, како и правото на слобода на изразување и самото право на постоење без закани, нагласуваат од ОМД.
Човековите права, потенцираат од таму, ја надминуваат реалната политика и политиката на поплаки, и треба да се направат глобални напори за да се повика нетолеранцијата и напорите на понижување на Македонците заради нивното име, народност, религија и историја.
– Жал ми е да кажам дека Денот на човековите права е малку пријатно клише. Тоа е нешто за кое многумина кимат со глава, но ретко преземаат активности за поддршка на оние кои имаат најголема потреба, и којшто не ги уживат тие основни човекови права. ОМД продолжува да ги повикува владите ширум светот да го поддржуваат македонскиот народ, а не македонската влада што самата не ги почитуваше правата на својот народ и го принуди на присилна промена на името на својата држава. Ги повикуваме сите невладини организации, политичари, организации за човекови права и сите агенции за следење на изборите, да се соберат и да престанат со искоренувањето на македонскиот јазик и идентитет, рече Стојан Николов, претседавач на Бордот на Директори на ОМД.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
29сек
-
9мин
-
13мин
-
14мин
-
28мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5