Фото: Пиксабеј

Околу 95 проценти од европските потрошувачи забележале лажни попусти во продавниците

Кога потрошувачите казнуваат, тоа е сериозна закана, како што покажаа хрватските граѓани кои претходните денови се воздржуваа од пазарење за да свртат внимание на поскапувањата. Хрватската европратеничка Билјана Борзан на прес-конференција на која претходно вети дека во дискусијата на пленарната седница во Стразбур ќе го вклучи и зголемувањето на цените во Источна Европа, но презентираше и истражување кое покажува дека дури 94,4 отсто од граѓаните забележале лажно намалување на цените во текот на зимски сезонски продажба, пишува Политика.рс.

– Да ни кажеше некој дека ќе платиме 1,5 евро за леб, 7 евра за мало пакување кафе, 3 евра за јајца и 7 евра за пилешко за килограм, немаше да веруваме. Ова е реалноста во која живееме. Срцето ми се наполни кога ги видов празните продавници во петокот, потрошувачите се будат и не дозволуваат да им го дерат грбот. Власта се однесува како да нема врска со нив и крева раце. Растот на цените на храната е највисок во Источна Европа, што е особено загрижувачко бидејќи, за разлика од западните земји, кај нас најголемиот дел од буџетот на домаќинствата се троши на храна – изјави Борзан.

Таа смета дека зголемувањето на цените ја зголемува нееднаквоста во ЕУ бидејќи влијае на земјите со најниски просечни плати и најголем ризик од сиромаштија. Комитетот за жалби на Европскиот парламент веќе побара од Европската комисија да истражи како ЕУ може да дејствува.

– Поради инфлацијата, која е највисока во еврозоната, 68,7 отсто од граѓаните купуваат помалку храна. Речиси сите граѓани ги променија пазарните навики, подобро размислуваат што им треба, купуваат поевтини брендови, а значителен дел трошат и помалку храна – вели Борзан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот