Откопани 392 тела од масовните гробници во Кан Јунис/Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Околу 400 тела откопани од масовните гробници во Кан Јунис

Палестински тимови за цивилна заштита ископаа 392 тела од масовни гробници во Кан Јунис, пренесува агенцијата Анадолија.

Меѓу жртвите има тела на деца. Според агенцијата, не е позната причината за присуството на детски тела во масовните гробници во болницата, на телата на жртвите биле пронајдени траги од тортура.

Постојат индиции дека некои жртви биле егзекутирани на терен, додека на телата на другите жртви имало траги од тортура, а останатите биле живи закопани, додаваат од агенцијата.

Наведено е дека неколку жртви биле закопани во пластични кеси на длабочина од три метри, што го забрзало нивното распаѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот