Околу 12.677 милиони луѓе во ЕУ биле невработени во февруари

Стапката на невработеност во ЕУ во февруари изнесувала 5,7 отсто, што е пад од 5,8 отсто во јануари. Во февруари оваа стапка изнесувала 6,14 отсто – објави Европската статистичка служба – Евростат. Евростат проценува дека 12.677 милиони луѓе во ЕУ, од кои 10.580 милиони во еврозоната, биле невработени во февруари 2025 година. Во споредба со јануари, невработеноста е намалена за 131.000 во ЕУ и за 70.000 во еврозоната. Во споредба со февруари 2024 година, невработеноста падна за 643.000 и во ЕУ и во еврозоната.

Во февруари годинава 2,835 милиони млади луѓе (под 25 години) биле невработени во ЕУ, од кои 2,272 милиони се во еврозоната. Стапката на невработеност кај младите е 14,5 отсто во ЕУ, што е намалување од 14,6 отсто во претходниот месец и 14,2 отсто во еврозоната, што е повеќе од 14,1 отсто во претходниот месец.

Во еврозоната стапката на невработеност кај жените е 6,4 отсто, стабилна во однос на претходниот месец, а стапката на невработеност кај мажите е 5,9 отсто, што е за 0,1 отсто помала од минатиот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот