Оилко бележи раст на приходите и добивката

Во периодот јануари-јуни 2019 година „ОИЛКО КДА Скопје“ оствари вкупни приходи во висина од 196,9 милиони денари и кај истите има 10,6% зголемување споредбено со истиот период од 2018 година.

Во структурата на вкупните остварени приходи најголемо учество, 63,82% имаат приходите од домашен транспорт на деривати кои во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 17,39%.

Во периодот јануари-јуни 2019 година компанијата оствари вкупни расходи во висина од 182,6 милиони денари и кај истите има 5,7% зголемување споредбено со истиот период од 2018 година. Во структурата на вкупните остварени расходи најголемо учество, 29,87% имаат расходите за бруто плата кои во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 14,22%.

Друштвото заклучно со 30.06.2019 година оствари добивка во висина од 12,4 милиони денари и истата е зголемена за 182% споредбено со истиот период од 2018 година.

Ваквиот резултат се должи на стагнација и незначително зголемување на оперативните расходи со истовремено зголемување на оперативните приходи од зголемен транспорт на деривати на домашен пазар и зголемен транспот на деривати на странски пазар.

Во овој период „ОИЛКО“ вложило во материјални средства износ од 9 милиони денари, а од друга страна не остварило продажба или значителен отпис на истите.

Од компанијата велат дека ги остварува планираните параметри и очекува дека истата тенденција ќе се задржи и до крајот на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот