Фото: ОФМ

Одбојкарките на Јанта волеј и Наковски волеј ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Одвојкарките на Јанта волеј и Наковски волеј ќе водат битка за трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција.

Прв до финалето стигна Наковски волеј кој лесно со 3-0 ја оправда фаворитската улога против дебитантот Фит Фан волеј (25-14, 25-21, 25-18.).

Во второто полуфинале, Јанта волеј исто така со 3-0 беше подобра од Работнички  26-24, 25-11 и 25-19.

Женското финале на распоредот е утре од 16 часот, додека машкото финале помеѓу Штип УГД и Струмица е во терминот од 19:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот