Градски двокатни ЈСП автобуси на рекорд / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Од понеделник ЈСП ќе вози по зимски возен ред, за Голема Богородица автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Од понеделник автобусите на ЈСП ќе соораќаат по зимски возен ред, согласно со Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје.

По повод утрешниот празник Успение на Пресвета Богородица, ќе се работи по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.

Утре дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар.
 
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот