фото: Косово, Alamy / Profimedia

Oд овој месец плус 55 евра за вработените во јавните институции на Косово

Почнувајќи од овој месец, вработените во јавните институции во Косово ќе добиваат плати зголемени за уште 55 евра, според најавата на косовската влада од крајот на минатата година. „Од овој месец па натаму, јавните службеници кои работат во буџетските организации ќе добијат дополнително зголемување на платата од 55 евра“, рече вршителот на должноста министер за финансии на Косово, Хекуран Мурати.

Со истиот износ од јануари, зголемувањето од овој месец го комплетира зголемувањето предвидено за оваа година од 110 евра по вработен. Во октомври минатата година, владата објави зголемување за оваа година во две фази од по 55 евра. Мурати вели дека ова е четврто вкупно зголемување под негов мандат. „Првото зголемување во февруари 2023 година – стапување во сила на Законот за плати.

Второто зголемување во јануари 2024 година – зголемување на коефициентот од 105 на 110. Третото зголемување во јануари 2025 година – зголемување од 55 евра месечно за сите вработени. Четвртото зголемување во јули 2025 година – зголемување од 55 евра месечно за сите вработени“, рече в.д. директорот, објави Коссев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот