„Од нас за нас“ со демант на Царовска: Прво видете, па одлучете кој манипулира со јавноста

По реакцијата на Министерството за образование и наука, кое демантираше дека фотографиите навистина ќе бидат дел од програмата за второодделенците во рамки сексуалното образование, се огласи и Здружението „Од нас за нас“.

„Категорично ја демантираме министерката Мила Царовска дека шириме невистинити информации на фејсбук. Невистина е дека здружението ОД НАС ЗА НАС „прилепило илустрации на делови од Концепцијата“.

 

Здружението ОД НАС ЗА НАС нема тенденциозна намера да шири паника и да ја манипулира јавноста туку има за цел да ја информира јавноста за агендата на сеопфатното сексуално образование преку искуството на другите земји. Препорачуваме министерот Мила Царовска внимателно да ја прочита целата објава пред да шири лажни и невистинити информации“, се вели во нивното соопштение.

 

Инаку нивниот цел текст може да го погледнете во продолжение, и како што велат од Здружението, сами да одлучите кој е во право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот