Вјечеслав Володин / Фото: © РИА Новости/Михаил Климентьев

Од Москва велат дека против земјата се воведени речиси деветнаесет илјади санкции

Претседателот на Руската државна дума, Вјачеслав Володин изјави дека по воведувањето на 12-тиот пакет санкции на Европската унија, против Русија се преземени 18.772 рестриктивни мерки.

Во објава на Телеграм, Володин оцени дека Европа, постапувајќи по диктат на Вашингтон и воведувајќи санкции против Русија, првенствено им штети на своите граѓани, туркајќи ја нејзината економија во рецесија.

Володин наведува дека, според пресметките на американските медиуми, западните компании кои ја напуштиле Русија изгубиле повеќе од 103 милијарди долари и додава дека овие пари останале во Русија.

„До крајот на годината растот на БДП на нашата земја ќе биде 3,5 отсто“, додаде Володин.

Европската унија вчера го усвои 12-тиот пакет економски и индивидуални санкции против Русија поради војната во Украина

Новиот пакет вклучува мерки за ограничување на увозот, купувањето или трансферот на руски дијаманти, нови ограничувања и контроли на увозот и извозот, а покрај економските санкции, Советот на ЕУ одлучи да стави „значителен број“ физички и правни лица на листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот