
Од ковид на ГАК почина 29-годишна трудница, бебето е во инкубатор
Лекарите од Клиниката за гинекологија и акушерсво во Скопје не успеаја да го спасат животот на млада жена, која ја породиле во седмиот месец од бременоста со царски рез. Бебето е сместено во инкубатор, а родилката пред десетина дена поради симптоми на ковид-19 побарала помош во инфективното одделение на кумановската болница, објавија кумановски портали.
Препорачано
Таа е една од трите починати пациенти од ковид од Куманово.
Додека се лекувала од ковид, жената на возраст од 29 години еден ден доаѓала во дневната болница и еден ден лежела на одделението, па откако почнала да и се влошува состојбата била пратена на Инфективната клиника во Скопје.
Жената немала коморбидитети, а се заразила со ковид-19 на свадба.
Во Куманово од ковид починаа уште 2 жени на возраст од 49 и 74 години. Постарата пациентка починала во Кумановската болница, а помладата во Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5