
Од Ковид-19 заразен и првиот човек на албанската католичката црква, монсињор Френдо
Првиот човек на Католичката црква во Албанија, монсињор Џорџ Френдо е позитвен на Ковид-19.
Препорачано
– Тиранскот бискуп и тиранско – драчки епарх, воедно и Претседател на епископската конференција на Албанија, монсињор Џорџ Ентони Френдо неколку дена не се чувствуваше најдобро, по што му беше направен тест и дијагностициран Ковид-19. Ве замолуваме вашите молитви да бидат за монсињор Френдо и му посакуваме брзо закрепнување, стои во соопштението од албанската католичка црква.
Се додава дека по препорака на лекарите, вечерва било одлучено монсињор Френдо да биде хоспитализиран, поради респираторни компликации во текот на денот.
Седумдесет и четири годишниот монсињор Френдо родум е од Малта.
Вчера Ковид -19 му беше дијагностциран на поглаварот на Албанската автоќефална црква, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас Јанулатос . Тој со санитарен хеликоптер Ц130 на грчката армија беше префлен во клиника во Атина за специјален третман.
Од болницата „Евангелизмос” во Атина каде е хоспитализиран,според албанските медиуми,потврдиле дека состојбата му е стаблна, но оти покажува благи симптоми во респираторниот систем и всока температура.
Деведесет и едногодишниот Јанулатос, кој боледува од хронична астма,во месец јуни годинава преживеа срцев удар.
Извор:МИА