Фото: МИА

Албанец од Косово е обвинет во Приштина за наводна шпионажа за Србија

Специјалното обвинителство на привремените установи во Приштина поднесе обвинение против Хисри Селим за кривично дело „шпионажа“ бидејќи наводно соработувал со Агенцијата за безбедност и информации на Република Србија, пренесува РТС.

Според обвинението, Селим отпатувал во Сирија на 22 ноември 2015 година, приклучувајќи се кон терористичката организација ИСИС, објавуваат медиумите во Приштина.

„Постои основано сомнение дека Х.С. испраќал информации до службениците на БИА за бројот на Албанци кои учествуваат во ИСИС, нивната организација и во кои делови од Сирија дејствуваат. Во меѓувреме, по враќањето на Косово и отслужувањето на затворска казна за учество во терористички организации, тој продолжил да се среќава во Србија со службеници на БИА, поточно со директорот за борба против тероризмот И.Б., и да им пренесува други важни информации“, се вели во соопштението на обвинителството.

Според обвинението, како награда за овие информации, службениците на БИА му плаќале на Селим до 700 евра месечно.

Специјалното обвинителство му предложило на судот да го продолжи притворот на Селим, а по судска ревизија, обвинетиот да се прогласи за виновен за кривичните дела за кои се товари и да му се изрече казна во согласност со важечките закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот