Илустрација: Извидници / Фото: Архива на „Слободен печат“

Обвинителството формира предмет за извидничкиот камп

На кампот насловен „Секс, скаутс и рокенрол“ присуствувале околу 40 ученици од средните училишта во Скопје, но не биле организирани преку училиштата туку преку извидничкиот одред.

Седуммина средношколци се отпишале од „извидници“ откако родител алармираше дека викендов Прв скопски извиднички одред организирал несоодветен камп со сексуална едукација, која вклучувала шокантни активности меѓу кои и тоа децата да соблекуваат делови од облеката, да оставаат отпечатоци од интимни делови од телото на хамер, да се бакнуваат во стомакот, коленото, вратот и во устата, како и да сликаат сцени во природа до манастир, додека други деца симулираат сексуални пози.

Настанот за „Слободен печат“ го потврди родител на средношколка која по ваквиот камп завршила на психолошко советување. Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ велат дека родители го пријавиле настанот во полиција. Неофицијално дознаваме и дека Јавното обвинителство отворило предмет за случајот, по што ќе бидат направени разговори со сите инволвирани. На кампот насловен „Секс, скаутс и рок енд рол“ присуствувале околу 40 ученици од средните училишта во Скопје, но не биле организирани преку училиштата, туку преку извидничкиот одред.

„Слободен печат“ се обрати до Прв скопски извиднички одред, организатор на настанот, со прашања: кој е обучувач за сексуалното образование кое го нуделе на младите, од каде добиле дозвола за негово спроведување, колку време се спроведува оваа обука, како во детали изгледале активностите, дали се изведувани повеќе години наназад и која е целта на кампот, но одговор до објавувањето на овој текст, не добивме.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот