Собир на „Партизанска“ поради трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Обвинение за несреќата во која загина Фросина – на Јованов му се закануваат 20 години затвор

Скопското обвинителство поднесе обвинение против возачот, Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова која почина на лице место додека поминувала на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.

Јованов се товари за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и му се заканува максимална затворска казна од 20 години.

Според доказите што ги собрало Обвинителството, на 29 јануари, 15 минути по полноќ, Јованов без возачка дозвола, со „„Пежо 207“ сопственост на неговиот татко ја прегазил Кулакова која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци.

-Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето. Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h што е речиси двојно поголема од дозволената. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот “Партизански одреди” и улицата “29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место- соопштија од Обвинителството.

Се бара да му се продолжи притворот на Јованов поради опасност од бегство и страв дека ќе го повтори кривичното дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!