Мигранти со чамец / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Обединетото Кралство и Франција постигнаа договор за справувањето со нелегални мигранти

Премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон на денешниот самит го претставија договорот за мигранти „еден внатре, еден надвор“, а пилот-проектот ќе започне за неколку недели.

Стармер вели дека мигрантите што пристигнуваат со мали чамци ќе бидат „приведени и вратени во Франција во краток рок“.

За возврат, тој вели дека на друго лице ќе му биде дозволено да дојде во Велика Британија по „безбеден пат“ – и само ако веќе не се обидело нелегално да премине.

Преминувањето со мали чамци ќе биде „залудно“, додава тој.

Според Би-Би-Си, во градот Довер денеска пристигнале повеќе од 250 мигранти, а повеќе од 21.000 ја преминале границата со мали чамци досега оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот