фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Обединетите Арапски Емирати отфрлаат каков било обид за преселување на Палестинци од Појасот Газа

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) категорично отфрлаат секаков обид за преселување на Палестинци од Појасот Газа и ускратување на нивните „неотуѓиви права“, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на ОАЕ.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера рече дека САД ќе го „преземат“ разурнатиот од војна Појасот Газа откако Палестинците ќе бидат преместени на друго место и дека економски ќе ја развијат окупираната палестинска енклава.

Трамп ова го изјави на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е во посета на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот