
Нуклеарната централа Запорожје нападната од украински беспилотни летала
Нуклеарната централа Запорожје објави дека украинските сили извршиле напад со беспилотни летала врз зградата на центарот за обука во рамките на овој комплекс.
Препорачано
Според прес-службата, нападот е извршен со употреба на три беспилотни летала. Два детонирале над покривот на зградата, но не е предизвикана сериозна штета, ниту пак се повредени вработени.
„Нивото на позадинско зрачење на индустриската локација и соседната територија е во рамките на нормалните граници. Ограничувањата и условите за безбедно работење на енергетските единици на централата не се прекршени“, се вели во официјалното соопштение- пренесе Политика.
Во времето на нападот, експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) исто така биле присутни во центарот за обука и веднаш биле евакуирани на безбедна локација. Нивните животи и здравје не биле во опасност.
На 17 септември, мисијата на МААЕ веќе извести за гранатирање во близина на објектот и црн чад над блиските области, за кој се верува дека предизвикал пожар во вегетацијата.
Паралелно, нуклеарната централа Ростов извести дека е во постојан контакт со своите колеги во Запорожје и дека го следи развојот на ситуацијата по нападот.