Фото: Tanjug/Hina

Новиот земјотрес во Хрватска предизвика штета на веќе разурнати објекти – татко со три деца остана без домот

Земјотрес со интензитет од 4,2 степена според Рихтерова скала, кој повторно го погоди централниот дел на Хрватска, причини нови штети на веќе разурнатите објекти, неколку дена откако по најсилниот удар се уште има подрачја и настрадани на кои им е потребна помош.

Ова го изјави заменик градоначалничката на Глина, Бранка Бакшиќ Митиќ, која ги повика сите граѓани кои сакаат да ги санираат своите домови да пишат на нејзиниот мејл или да испратат порака на фејсбук-групата „Луѓе за луѓе”.

– Мораме да направиме список и да ги организираме луѓето за да се почне со работа, истакна Бакшиќ Митиќ. 

Таа соопшти дека татко со три деца ѝ рекол дека им се доурнала и оние неколку ѕидови од куќата кои останале непаднати при првиот потрес.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!