Лидерот на Хезболах, Шеик Наим Касем EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Новиот лидер на Хезболах: Ќе се држам до стратегијата на мојот претходник

Новиот лидер на либанското движење Хезболах, Наим Касем, денеска изјави дека ќе се држи до стратегијата на неговиот претходник Хасан Насрала, кој беше убиен во септември во израелски воздушен напад врз периферијата на Бејрут, по што конфликтот ескалира.

-Мојата програма за работа е продолжение на програмата за работа на нашиот лидер Сајед Хасан Насрала, објави Касем во својот прв говор откако во вторникот беше објавено дека е назначен за нов лидер на Хезболах, пренесоа француските медиуми.

Касем вети дека ќе го продолжи „воениот план што Насрала го подготви со раководството“ на оваа проиранска шиитска организација.

Тој рече и дека Хезболах се опоравува по „болните“ израелски напади.

Новиот лидер на Хезболах е заменик-шеф на организацијата уште од 1991 година. Тој беше инсталиран од тогашниот генерален секретар на Хезболах, Абас ал-Мусави, кој следната година беше убиен во напад на израелски хеликоптер.

Касем остана на позицијата кога Насрала стана лидер и долго време беше водечки портпарол и даваше интервјуа за странски медиуми дури и за време на прекуграничните непријателства со Израел во изминатата година. Во Либан на него гледаат на човек кому му недостасува харизмата и важноста на Насрала.

Израел му се закани на Касем дека ќе биде на чело на Хезболах „привремено“, „не долго“ и дека „одбројувањето започна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот