Profimedia

Новиот дом на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам има вознемирувачка историја, во него се случувале ужасни настани

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се селат во „Форест Лоџ“, пространа и историска резиденција во Виндзор, која ќе биде нивниот нов дом и симбол на нов почеток по неколкуте тешки години. Куќата датира од 1770-тите, но богатата и понекогаш вознемирувачка историја на резиденцијата вклучува поранешни станари кои се соочиле со трагедии.

GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

Иако преселбата во нов дом за кралското семејство може да значи нов почеток, „Дејли мејл“ изнесува некои вознемирувачки информации за резиденцијата во која се вселуваат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам со нивните деца. Како што обично се случува, во вековната традиција на кралското семејство, се испреплетуваат разни митови и вистини, но многумина беа изненадени што Кејт и Вилијам одлучија да се преселат во куќата што е поврзана со две вознемирувачки приказни достојни за сценарио за хорор филм.

Имено, тие ја напуштаат резиденција во Аделаида Котиџ за да се преселат во Форест Лоџ, куќа изградена кон крајот на 1700-тите од Сер Џефри Вајатвил, архитектот кој реставрирал делови од античкиот замок Виндзор за време на владеењето на кралот Џорџ IV.

Помалку е познато дека принцезата Ана еднаш „ја меркала“ таа резиденција, но сега, како што се чини, сепак ќе му припадне на престолонаследникот, кој решил да ги игнорира приказните што кружат за неа.

Куќа на стотици робови

Веднаш по изградбата, вилата ја купил Спенсер Мекеј, Шкотланѓанец од Лондон со скромна репутација, кој го стекнал своето богатство од плантажите со кафе и рум во тогашна Гвајана, каде што експлоатирал стотици робови. Тие веќе поминале низ ужасни страдања на патот од Западна Африка, а по пристигнувањето на плантажите, ги чекале уште полоши услови, вклучително и брутално камшикување.

Во 1823 година, во регионот Демерара избувнал голем бунт на робовите, поттикнат од надежта дека британскиот парламент го укинал ропството. Во него учествувале помеѓу девет и 12 илјади луѓе, вклучувајќи робови од имотите на Мекеј. Иако силен, бунтот бил задушен за само два дена. Тогаш биле убиени околу 500 робови, уште 27 погубени по наредба на гувернерот Мареј, а нивните тела биле оставени да скапуваат на сонцето како предупредување за другите.

Wikipedia

И покрај крвавото наследство, по укинувањето на ропството во 1834 година, Мекеј добил голема отштета за „губење на работна сила“ – износ што денес би вредел десет милиони фунти.

Место на смртта на лојален соработник на кралското семејство

Сер Џон Ерд бил лојален дворјанин и коњушар на кралот Едвард VIII, баронет и одликуван војник кој кралот Леополд го опишал како олицетворение на англиски господин. Тој го придружувал принцот Едвард на патувања, вклучувајќи го и скандалозното крстарење со јахтата Налин, кое ја разоткрило аферата на кралот со Волис Симпсон, што довело до негова абдикација во 1936 година.

За разлика од многумина во кругот на Едвард, Ерд останал во кралската милост по скандалот и им служел на кралот Џорџ VI и на кралицата Елизабета II.

Но, неговиот живот завршил трагично – во 1973 година, откако му бил дијагностициран терминален рак, тој го извадил својот стар службен револвер во спалната соба во Форест Лоџ и изврши самоубиство на 76-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот