
Нови закани кон Мирослава Симоновска од лажен профил на Фејсбук: Те следиме, те сликаме!
Заканите од профил, креиран со нејзино име и презиме на социјалната мрежа Фејсбук, Симоновска ги пријавила во Полициската станица Карпош, а од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Откако деновиве беше објавена неовластена снимка од новинарката на „Слободен печат“ Мирослава Симоновска, таа денеска пријавила дека кон неа се упатуваат и закани од лажен профил, креиран со нејзино име и презиме на социјалната мрежа Фејсбук, каде меѓу другото стои и пораката „Те следиме, те сликаме“.
Препорачано
Симоновска заканите ги пријавила во Полициската станица Карпош, а од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
За случајот со неовластеното снимање на нашата новинарка и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документи реагираа Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници кои изразија сериозна загриженост поради последното прекршување на основните права на новинарката. Симоновска пак, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за неовластено снимање од страна на службено лице.
Ова видео, кое беше проследено до национална телевизија од страна на шефот на Вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи, отвора сериозни прашања за приватноста, незаконското следење и правата на новинарите во Македонија. Објавата на незаконски снимено видео од новинарката Мирослава Симоновска ја нарушува нејзината приватност и нејзините основни права без разлика што објавениот видео материјал е со заштитени идентитети. Секој новинар има право слободно да се движи и да комуницира со граѓани без страв од незаконско следење или нарушување на приватноста – е неведено во соопштението од ЗНМ И ССНМ.
Оттаму побараа од Основното јавно обвинителство итно и без одлагање да спроведе темелна истрага во врска со овој случај и ги повикаа надлежните институции да ги заштитат правата и безбедноста на новинарите