Пошта/ Фото: МИА

Нови услуги на шалтерите на АД „Пошта на Северна Македонија“

АД „Пошта на Северна Македонија“ денеска соопшти дека согласно потпишаниот договор со Халк Банка, покрај постоечките услуги, на нивните шалтери може да се извршуваат нови услуги.

Почнувајќи од вчера, 27 јули 2021, на нивните шалтери може да се извршувате следните услуги: уплата со уплатница (обр. ПП10) за физички лица, исплата на пензија на физички лица резиденти со налог за исплата на готовина (обр. ПП40), единствено за исплата на пензија од трансакциска сметка на физички лица-резиденти кои пензијата ја примаат на трансакциска сметка во Халк Банка АД Скопје.

Може да се изврши пренос на средства од една на друга сметка со налог за пренос на средства (обр. ПП30), безготовинско плаќање на јавни давачки (од сметката на клиентот кон трезорска сметка со налог за плаќање на јавни приходи (обр. ПП50), безготовинско префрлање на средства од налогодавачот кон повеќе примачи (обр.ПП53).

Досега на шалтерите на единиците на поштенска мрежа на цела територија на државата можеше да се изврши уплата на режиски трошоци, уплата на дневен пазар од правни лица, уплата на јавни давачки со образец ПП 50.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот