Немири во Нова Каледонија / Фото: Delphine MAYEUR / AFP / Profimedia

Нови немири во Нова Каледонија: Запалени градското собрание и зградата на полицијата

Во Нова Каледонија избувнаа нови немири во кои во текот на ноќта беа запалени зградите на градското собрание и полицијата, откако седуммина приведени, активисти за независност на француската прекуморска територија, беа префрлени во Франција на истражен притвор, соопштија властите.

Немирите избувнаа бидејќи трансферот на уапсените, кои се обвинети за организирање на минатомесечните насилни протести во Нова Каледонија, се сметаше за „политичка депортација“, изјави локалниот обвинител, пренесе Гардијан.

Обвинителот изјави дека префрлањето на уапсените со авион бил организирано во текот на ноќта и дека тие биле префрлени за да може истрагата против нив да продолжи „без никаков притисок“.

Ситуацијата во Нова Каледонија останува многу напната по апсењето на 11 активисти за независност, осомничени дека планирале насилни протести од 13 мај.

Немирите во Нова Каледонија избија кога францускиот парламент расправаше за нацрт-законот со кој на илјадници француски граѓани на архипелагот ќе им се даде право да гласаат на покраинските избори.

Движењето за независност на Нова Каледонија стравува дека таквата промена ќе го ослабне политичкото влијание на домородниот народ Канак.

Девет лица, вклучително и двајца полицајци, загинаа во насилството кое оштети бизниси, продавници и домови.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги суспендираше измените на изборниот закон во Нова Каледонија, по што прекинаа немирите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот