Тренерот на ФК Барселона, Ханси Флик/фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Нови главоболки за Флик, се повреди уште еден играч на Барса

Тренерот на Барселона, Ханси Флик се соочува со големи проблеми со повредени играчи, а на таа листа од вчера се приклучи уште еден фудбалер.

До вчера, надвор од составот беа Тер Штеген, Јамал, Балде и Гави, а од синоќа на листата се најде и Фермин Лопез. Веднаш по крајот на натпреварот против Хетафе, младиот играч се пожалил на болки во препоните и во солзи го напушти теренот.

По последниот свиреж, Фермин легна на тревата и со дланките го покри лицето, додека медицинскиот тим веднаш притрча за да му помогне.

Првичните лекарски прегледи не сe охрабрувачки, а денеска се очекуваат подетални информации за тежината на повредата. Потсетување, Фермин и на почетокот на минатата сезона имаше проблем со повреда, поради која пропушти 11 натпревари.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот