Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Нов повик на Трамп до Фед: Намалете ја основната камата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно ги повика американските Федерални резерви (ФЕД) да ги намалат каматните стапки откако утрово беше објавен извештајот за вработувањата во САД во април, кој е подобар од очекуваното.

„Бензинот штотуку ја проби надолу границата од два долари за галон, што е најниска цена во последните неколку години, цените на намирниците (и јајцата!) паднаа, цената на енергијата е во пад, каматните стапки на хипотеките паднаа, вработеноста е силна и уште многу добри вести, бидејќи милијарди долари пристигнуваат од царините“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Тој додаде дека ова е „преодна фаза“ и дека „тукушто почнуваме“.

„Потрошувачите со години чекаат цените да паднат. Нема инфлација, Фед треба да ја намали својата каматна стапка“, порача американскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот