Црна гора знаме

Нов град со 40.000 жители се гради во близина на Подгорица

Веље Брдо – најголемиот станбен проект во Црна Гора и еден од најголемите урбани проекти во регионот – планира изградба на нов град за до 40.000 жители во близина на Подгорица. Проектот предвидува првите станбени единици да се нудат по цена од 1.000 евра за квадратен метар, со поволни услови на отплата од 30 години и каматна стапка од 1,2 проценти. Повеќе од 10.000 граѓани го потврдија огромниот интерес за овој модел на градба на станови, пишува порталот eKapija- пренесе Каматица.

Во август, Владата на Црна Гора го усвои Просторно-урбанистичкиот план на главниот град Подгорица, чија главна иновација е населбата Веље Брдо. Проектот предвидува изградба на до 20.000 станбени единици, со површина од 60 и 100 квадратни метри. На површина од повеќе од 900 хектари се планирани околу 4,5 милиони квадратни метри изградени површини, наменети за домување и деловни објекти – станбени згради и приватни куќи.

Комплексот ќе обезбеди и помошни објекти, вклучувајќи училишта, градинки, здравствени установи и деловни простории. Идниот град ќе има околу 57 проценти парковски површини. Речиси 500.000 квадратни метри се планирани за спорт и рекреација, додека околу 10 хектари ќе бидат под водни површини.

Имплементацијата на овој проект ќе се одвива во фази. Се очекува меѓународен натпревар за избор на најдобро концептуално решение. Досега се објавени тендери за изработка на идејното решение и главниот проект, како и за ревизија на главниот проект на булеварот Веље Брдо со придружната инфраструктура.

Според претходните најави, почетокот на изградбата се очекува кон крајот на 2025 година, додека првите станари треба да се вселат кон крајот на 2026 година или почетокот на 2027 година.

Во исто време, дел од стручната јавност и здруженијата укажуваат на потребата од целосна транспарентност и заштита на просторот, бидејќи локацијата вклучува и некои природно чувствителни подрачја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот