Фото: Макстил

Нов голем пад на индустриското производство – 7,9 проценти

Индустриското производството во септември е намалено за речиси 8%, соопшти Државниот завод за статистика. Од Организацијата на работодавач велат дека бројките се загрижувачки и дека е потребна итна интервенција.

– Во недостиг на природни ресурси, како злато, нафта или гас, во земја која нема развиен туризам, единствен двигател на економијата е индустриското производство и извозот. Падот се должи на неколку фактори – надворешни, на кои не можеме да влијаеме, но и внатрешни, кои треба што поскоро да се променат, вели првиот човек на Организацијата, Ангел Димитров, според Сител.

– Случувањата во Западна Европа и Германија, како наш најголем трговски партнер, имаат влијание врз извозот и ние не можеме ништо да направиме, но секако има и домашни фактори како недостигот на работна сила, неадекватната администрација која го кочи бизнисот, доцнење со спроверување реформи, проблеми во образованието и слично, вели Димитров.

Димитров очекува подобри бројки откако парите од унгарскиот заем ќе стигнат до компаниите. кои со инвестиции во нова опрема и модернизација ќе ја намалат зависноста од работна сила. Но, на долг рок проблемот со кадар ќе продолжи да биде закана за економијата.

– Со тие 250 милиони евра поволни кредити ќе се набави нова технологија и ќе се помогне во индустријата. Но јас мислам на долг рок, проблемот со работна сила се уште ќе биде присутен, додава Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот