
Нов дебитант во СЕХА лигата
Во новата сезона од регионалното ракометно натпреварување ќе биде и најдобриот романски тим, Динамо Букурешт.
Иако сè уште не се знае дали оваа сезона ќе се доигра или ќе биде прекината, челниците на СЕХА лигата го прават списокот на учесници за наредната сезона.
Препорачано
Во новата сезона, ќе има и дебитант, станува збор за тимот кој сезоннава натпреварите неелитната група од Лигата на шампионите ги заврши без пораз и преку Спортинг дојде до дуел со ПСЖ кој нема да се оствари поради одлуката на ЕХФ, тоа е романскиот тим Динамо Букурешт.
– Не повикаа од СЕХА и во наредната сезона ќе бидеме дел од ова престижно натпреварување во кои гордо ќе го претставуваме романскиот ракомет – потврди претседастелот на клубот, Даниел Георгеску кој најави дека неговиот тим ќе биде уште посилен идната сезона.
– Можам да ветам дека ќе бидеме уште посилни. Спонзорите ќе не подржат бидејќи гледаат што можеме да направиме.
Актуелен шампион во СЕХА лигата е македонскиот и европскиот првак Вардар, кој доколку се одлучи да се доигра сезоната, титулата ќе ја брани на завршниот фајналфор турнир кој треба да се одигра во Задар, Хрватска.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
58мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5